Утре, со почеток во 10 часот во фоаето на Универзитет за информатички науки и технологии “Св. Апостол Павле”, Студентскиот парламент при УИНТ ќе потпише Меморандум за соработка со Националната асоцијација на престижни академски граѓани.

Националната асоцијација на престижни академски граѓани е формирана оваа година со цел да се искористи во целост потенцијалот на најуспешните студенти од сите професии преку развојот на креативноста и нивните претприемнички вештини. Во асоцијацијата може да членуваат сите студенти од прв, втор и трет циклус студии со просек повисок од 8.5 и најмалку комплетирана прва година од додипломските студии.

OhridNews