Претседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер, високата претставничка за заедничка надворешна политика Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан ја поздравија ратификацијата на Преспанскиот договор во грчкиот парламент.

Додека со радост ги исчекуваме следните процедурални чекори што ќе доведат до целосно спроведување на договорот, можеме со сигурност да кажеме дека Атина и Скопје заедно испишаа нова страница на нашата заедничка иднина во ЕУ“, стои во заедничката изјава на Јункер, Могерини и Хан.

Од самиот почеток Европската Унија силно го поддржуваше историскиот договор потпишан од премиерите Ципрас и Заев, по преговорите под покровителство на ОН.