Деновиве се реализираа работни активности за уредување на просторот пред влезот на подрачниот училишен објект на ОУ „Григор Прличев“ во населбата „Рача“.

Поставени се нови плочки на пристапните скали и влезниот трем, а средствата за оваа намена се обезбедeни од буџетот на Општина Охрид. Претходно, во овој подрачен училишен објект беше поставена нова табла со назив на училиштето, а во училишниот двор се поставија нови клупи и корпи за отпадоци. Исто така се изврши и реконструкција на оградата на спортското игралиште и беше изведено ново осветлување со рефлектори. – информира локалната самоуправа.

Инаку, во централниот објект на ОУ „Григор Прличев“ во текот на изминатиот период беа реконструирани подовите на две училници и беше извршено бојадисување на дел од надворешните ѕидови и ходничните простории во старата зграда. Според планираното, со средства на Општина Охрид наскоро треба да започне реконтрукција на дограмата на приземјето во новата училишна зграда.

OhridNews