После големиот успех со преставата „Чекајќи го министерот“, мега популарната актерка Лидија Вукичевиќ повторно во Охрид со урнебесната македонско-српска хит комедија „Обвинителка“. Претставата ќе биде изведена утре на сцената во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 20 часот. Цената на билетот е 200 денари.
Оваа комедија е копродукција и размена на уметници од Македонија и Србија. Главната улога во оваа урнебесна комедија ја игра мега популарната актерка од бившите ју простори Лидија Вукиќевиќ, која е позната по серијата „Бољи живот”, „Жикина династија” и уште многу други тв и театарски улоги.
Спојот на уметници и соработници од двете држави треба да се зајакне, културата обединува, а преку хит комедијата „Обвинителка” ќе го прикажеме пред публиката кај нас и во регионот тоа. Како е да се работи во обвинителство? Како е да се биде обвинителка? Како е да се биде обвинет? Како да се спасиш од обвинение? Тоа се дел од прашањата кои ќе бидат одговорени низ урнебесните комични ситуации во претставата, велат од Центарот за култура.

OhridNews













