Ема Наваро ја симна од тронот минатогодишната шампионка Коко Гоф во четвртото коло на УС Опен. Тринаесетата носителка победи во американската пресметка против Гоф (бр.3) со 6:3, 4:6, 6:3 по повеќе од два часа игра.

Следен противник на Американката ќе биде бр.26 во шемата, Пола Бадоса (Шпанија), која убедливо се справи со Кинеската Јафан Ванг со 6:1, 6:2 и исто така првпат е во четвртфиналето на Флешинг Медоус и вторпат на Гренд Слем по Ролан Гарос во 2021 година.
OhridNews










