Вчера околу пладне на улицата „Пролетерски бригади“ во Струга 27-годишен жител на струшкото село Лабуништа го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон полициски службеник, кој преземал мерки во сообраќајот. Против нарушителот, ќе биде поднесена соодветна пријава, информира СВР Охрид.

Исто така вчера во атарот на охридското село Мраморец настанал пожар на површина со нискостеблеста вегетација. Пожарот е изгаснат со интервенција на Територијалната противпожарна единица од Охрид.

Синоќа, пак, околу 20 часот во охридското село Куратица нарушен бил јавниот ред и мир со физички напад  на локален жител врз соселанец. Против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава, информира СВР Охрид.

OhridNews