Останува уште една недела за аплицирање на технолошкиот маратон Codefest кој по петти пат од 7-9-ти април ќе се одржи во хотелот Инекс Горица во Охрид.
Codefest Marathon е 32-часовен натпревар во развој на иновативни и креативни технолошки идеи кој годинава за прв пат освен за студенти, е отворен во три категории: Млади (до 16 години), Студенти (од 17 години до мастер студии) и Професионалци (вработени, freelancer-и, или не било кој начин, не-студенти). Учесниците ќе се натпреваруваат за победа во секоја од овие категории засебно.
Наградниот фонд на Codefest Marathon и оваа година ќе изобилува со наградни пакети кои на тимовите ќе им помогнат во понатамошна реализација на нивните проекти, но и за личен професионален напредок. Меѓу наградите се споменуваат ваучери за Microsoft Azure за секој избран тим, BizSpark програми на Microsoft во наградниот фонд, бесплатни курсеви, лиценци, стипендии, софтвер, хардверски уреди, патувања за учество на конференции и настани низ Европа, и сл. Оваа година за прв пат се најавува и парична награда за најдобрите.
По повод овој Codefest Tech Festival, денес прв пат официјално се најавува и соработката на Стартап Зона со Фондот за иновации и технолошки развој, кој се јавува во улога на институционален покровител и коорганизатор за ова јубилејно издание на настанот.
OhridNews












