Во само неколку дена Народен театар Охрид при НУЦК „Григор Прличев“ се закити со две фестивалски награди.

На штотуку завршениот фестивал „Ристо Шишков“ во Струмица Меѓународното жири на Народниот театар Охрид му ја доделиу наградата НЕТА за актерска инвентивност и посветеност во остварувањето на режисерскиот концепт за претставата „Стаклена менажерија“ од Тенеси Вилијамс во режија на Софија Ристевска Петрушева.

Во наградената претстава играат: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Адријана Билаловиќ Тодороска и Филип Кипровски.

Претходно Народен театар Охрид настапи на фестивалот „Гола Месечина“ во Скопје, на кој актерот Стрезо Стаматовски беше награден за најдобра епизодна улога во претставата „Каде е пиштолот?“.

OhridNews