Комерцијална банка е најактивен учесник од  Република Македонија во програмата за надворешно трговско финансирање, преку која се остварува годишен промет од 4,8 милијарди евра, соопшти Европската банка за обнова и развој. По тој повод таа на Комерцијална банка и додели специјална награда.

-Со ова уште еднаш се потврди долгогодишното присуство и придонес на Банката во надворешната трговија преку успешната поддршка која таа ја дава на своите клиенти, се вели во соопштението на Комерцијална банка по повод добиеното признание.

Ohridnews