Остануваат уште три дена до истекот на крајниот рок за пријавување екипи за учество на јубилејното 50-то издание на турнирот во мал фудбал Петровден-Мешеишта.
Организаторот подготви богат награден фонд од 500 000 денари од кои победникот ќе инкасира 300 000, второпласираниот 120 000, третиот 60 000, а четвртиот 20 000 денари.
Пријавувањето екипи завршува на 14 јуни. Котизацијата за учество изнесува 5000 денари по екипа.
Ждребот за групите е на 15 јуни.
Г.М.