На Државниот натпревар по историја, кој минатиот викенд се одржа во Охрид, извонреден успех постигнаа охридските училишта.

Ученикот Дарко Ристески од О.У. ”Братство Единство”, кој беше минатогодишен победник на натпреварот, годинава го освои второто  место под менторство на проф. Јоце Црвенкоски. Третото место подеднакво им припадна на ученичката Маринела Цветаноска од О.У.” Дебарца”( ментор проф. Далиборка Симоноска) и Дамјан Танески од О.У. “Григор Прличев”( ментор проф. Мира Групчева).

Најмладиот натпреварувач Давид Милошески од О.У. “Братство Единство” го освои четвртото место.

Учесниците се натпреваруваа на следните теми: 120 години од Првата Балканска војна, 140 години од раѓањето на Гоце Делчев и Јане Сандански, животниот пат и делото на Кирил Пејчиновиќ и Методија Андонов Ченто, како и Втората Светска војна во Македонија, Европа, Африка и Пацификот.

OhridNews