Членовите на ансамблот „Бисери“ од Охрид се вратија од турнеја во Варна – Бугарија, каде од 5 до 9 август настапија на 21-от Меѓународен фолклорен фестивал „Варна 2012“.

Играорците од „Бисери “ настапија на сите фестивалски вечери, при што успешно беше презентиран македонскиот фоклор, за што добија посебни признанија од организаторите.

На фестивалот во Варна настапија и учесници од Бугарија, Јапонија, Узбекистан, Турција, Србија и Мексико.

Ансамблот „Бисери“  функционира во рамки на Центарот за култура “Григор Прличев”, под раководство на Миленко Андрески.

OhridNews