Ветеранската група на Културно-уметничкото друштво „Охриѓанка” ја заврши успешната турнеја во Босна и Херцеговина при што имаше и настап на Интернационалниот фолклорен фестивал „Ритам срца” во Сараево.
КУД „Охриѓанка” уште еднаш ја оправда својата улога на чувар и амбасадор на традицијата и фолклорот од охридскиот регион и македонската традиција со својот настап во универзалната сала во Сараево. Беа изведени сплет игри и песни од охридско и женското оро „Водарки”.
Присутната публика беше воодушевена од настапот на гостите од Македонија, кои се секогаш добредојдени и наидуваат на топол прием од страна на босанската публика.
OhridNews














