Викендов, во Македонски Брод се одржа 16-та Регионална фолклорна ревија на песни музика, игри на која настапија околу 200 фолклористи и инструменталисти од здруженијата на пензионери од Охрид, Струга, Кичево, Дебар со Центар Жупа, Гостивар и домаќинот Македоснки брод.

На оваа културна манифестација КУД „Далги“ при ЗП Охрид и Дебрца настапи со постановката „Охридска визита“ со три охридски староградски песни и орото „Геврек“ под раководство на уметничкиот раководител Ристо Трајкоски. Охридските пензионери беа и најбројни на манифестацијата со над 30 фолклористи. Настапот на охриѓани како и во претходните регионални фолклорни ревии беше особено впечатлив по изборот на песните, музиката и староградската носија, при што беше честопати наградуван со аплауз од бројната публика, присутна во големата сала на Домот на културата Македонски Брод.

Од стручното жири на Комисијата за културно-забавен живот при СЗПМ, фолклористите на КУД „Далги“ беа прогласени за најуспешни и со тоа се здобија со право на учество на претстојната осма Републичка фолклорна ревија која на пети јуни годинава, под покровителство на СЗППМ, ќе се одржи во Домот на АРМ во Скопје.
За успешниот настап на фолклорните групи им беа врачени благодарници.

OhridNews