Успешно реализирана Регионалната летна крводарителска акција во Охрид која ги обедини крводарителите од Охрид, Струга, Битола, Прилеп, Кичево, Демир Хисар и Ресен и беа собрани 97 крвни единици. Акцијата ја организираше Црвен крст Охрид, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина.

На акцијата беа собрани 97 крвни единици, а особено нè радува што 11 првократни крводарители одлучија да го направат својот прв хуман чекор и да станат дел од големото крводарителско семејство, велат од Црвен крст Охрид.

Упатуваат благодарност до сите крводарители, волонтери, Институтот за трансфузиона медицина, како и до сите општински организации, институции, организации, компании и медиуми кои дадоа свој придонес за успешната реализација на оваа акција.

Вашата хуманост значи надеж, живот и нова шанса за оние на кои крвта им е најпотребна. Дарувај крв. Спаси живот!, порачуваат од Црвен крст Охрид.

OhridNews