Во Скопје се одржа државниот натпревар „Spelling Bee“, организиран од Мировниот корпус, а на кој учествуваа и ученици од охридската гимназија кои го обезбедија својот пласман по успешно завршените регионални натпревари. Учениците од прва година,  од ОСУ „Св. Климент Охридски“,Никола Здравески, Михаил Талев и Марино Јакимоски под менторство на проф. Даниела Спироска, од натпреварот се вратија со високи резултати.

Никола Здравески го освои второто место во конкуренција од 35 ученици на државно ниво, а и останатите ученици постигнаа завидни резултати, Марино Јакимоски четврто и Михаил Талев шесто место. Никола Здравески е поканет на свеченото доделување на наградите кое ќе се одржи на 14 мај.

OhridNews