Свечено затворено 41. издание на Уметничката колонија „Дебрца“ која и оваа година се одржа во духот на уметноста, креативноста и меѓусебното дружење. Во текот на колонијата, уметниците твореа во исклучително инспиративна и работна атмосфера, создавајќи дела кои ќе останат траен белег на ова издание.
Покрај секојдневното сликање и размената на искуства, тие имаа можност да го запознаат културното, историското и природното богатство на општина Дебрца и Охридскиот регион. Во рамките на програмата беше реализирана посета на Музејот на Дебрца и манастирот „Сите Светии“ во Лешани, каде учесниците се запознаа со богатото културно-историско наследствона овој крај. Посебно место во програмата имаше денот посветен на стариот дел на Охрид, велат од здружението „Ликовна колонија – Дебрца”.

Организаторите изразуваат благодарност до сите уметници, како и до институциите, соработниците и поддржувачите кои помогнале во успешната реализација на 41 издание на Уметничката колонија „Дебрца“.
Со гордост ја продолжуваме четиридецениската традиција на оваа значајна културна манифестација, со уверување дека и во иднина ќе биде место каде што уметноста, културата и пријателството ќе создаваат нови вредности, потенцираат од здружението „Ликовна колонија – Дебрца”.
OhridNews












