Со десет гласа За и седум Против, Комисијата за уставни прашања при Собранието на Република Македонија, го усвои предлогот за уставни измени кои треба да произлезат од Договорот со Грција. Процедурата продолжува на пленарна седница во понеделник, а за да биде постапката успешна неопходно е предлогот да добие поддршка со двотретинско мнозинство од пратениците.

За време на вчерашната расправа во комисијата, пратеникот од коалицијата предводена од СДСМ Горан Мисовски, истакна дека собранието е исправено пред сериозна одлука, која што ја дефинира иднината на државата и иднината на граѓаните и генерации.

-Имаме историска, генерациска обврска да го следиме гласот и желбата на огромното мнозинство граѓани и да ги реализираме врвните стратешки интереси на Македонија за членство во ЕУ и НАТО. Владиниот Предлог за пристапување кон уставни измени, како чекор од Преспанскиот Договор, е јавно достапен пред граѓаните, пред пратениците, пред јавноста. Се потврди, со уставните измени не се губи ништо. Напротив, се обезбедува иднина во ЕУ и НАТО со зајакнат македонскиот идентитет кој конечно станува признаен од целиот свет. – рече Мисоски.

Јас како Димитар Стевананџија пратеник од Прилеп немам мандат да поддржам промена на Устав бидејќи ниту еднаш во мојота програма ниту во 2014, ниту во 2016 кога сум го црпел легитимитетот од моите бирачи не сум им кажал дека ќе гласам за промената на името на Република Македонија, изјави  пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ  на комисиската расправа за имплементација на договорот со Грција.

OhridNews