Со пет гласа „за“ и ниту еден „против“ и „воздржан“ Комисијата за мандатно-имунитетни прашања го усвои предлогот за одземање на мандатот на експремиерот и пратеник Никола Груевски поради неоправдано отсуство во работата на Собранието повеќе од шест месеци.

Предлогот од комисијата ќе биде ставен на дневен ред на наредната пленарна седница каде по расправата ќе се гласа за мандатот на Груевски. Според деловникот, потребно е двотретинско мнозинство, односно 80 пратеници за да се одземе мандатот.