Во организација на Општинската организација на Сојузот на борци од НОАВМ 1941-1945 и граѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебрца и локалната самоупрва на Општина Охрид, утре, 21 Септември, ќе се одбележи Меѓународниот ден на мирот.
Овој историски ден ќе се одбележи пред спомен обележјата во Градскиот парк, со положување цвеќе и читање на пораката од Генералниот секретар на ООН– Антонио Гутереш. Се повикуваат покрај борците, граѓаните поддржувачи, а масовно учество да земат и претставници на АРМ, пензионерите, учениците, студентите, претставници на политичките партии, невладините организации и здруженија на граѓани, вели претседателот на ОО Сојуз на борци на Охрид и Дебрца, Гоце Георгиески.
Со Резолуција на генреалното собрание на ООН од 2001 година, 21 Септември е прогласен за Ден на мирот. Резолуцијата ги обврзува сите земји и држави членки на ООН редовно секоја година , Денот на мирот да се одбележува со соодветни програми.
OhridNews











