Утре, четврток, волонтери од општинскиот Црвен крст, во соработка со ЈП „Охридски комуналец“ и Лајонс клуб од Гетебург ќе спроведат акција за чистење на отпадот од некомерцијалните плажи на охридското крајбрежје.

– Непријатната слика која, на почетокот на летната туристичка сезона  ја создаваат отпадоците што ги исфрлило езерото на потегот на месноста Грашница (кај фудбалскиот стадион), и на поголем број некомерцијални плажи на Охридското крајбрежје, не поттикна да организираме еднодневна акција за собирање и селектирање на отпадот и чистење на плажите. Покрај, од копно пристапните плажи, со помош на пловните објекти на Црвен крст Охрид ќе се чистат и плажите кои имаат пристап само од вода. Ги покануваме сите добронамерни и еколошки свесни сограѓани да се приклучат на оваа акција и дадат свој допринос за почист Охрид, велат од Црвен крст Охрид.

Акцијата ќе започне во 8 часот, а собирно место е поранешниот фудбалски стадион-Грашница.

Дополнителни информации можат да се добијат во просториите на Црвен крст Охрид или на телефон 046/ 261-909.

OhridNews