Во склоп на Јавната анкета која се спроведува од 04. до 20. март  утре,  ќе се одржи јавна презентација на Нацрт-ДУП за  дел од првата Урбана заедница кој ги опфаќа Урбаниот блок 1.2 дел од Урбаниот блок 1.4 и дел од Ураниот блок 3.4.

Јавната презентација ќе ја одржат стручните лица –изготвувачи на Нацрт-планот во големата сала на општинската зграда со почеток во 12 часот, соопшти локалната самоуправа.

Опфатот на овој Нацрт-ДУП чија површина изнесува 42,70 хектари, се улиците: „Илинденска“ , „Кирил и Методиј“, „Абас Емин“, „Туристичка“, „Пирин Планина“, дел од „ Васил Стефоски“, реката „Грашница“ и Охридски Езеро.

Согласно законската процедура и после јавната презентација граѓаните ќе можат да ги изнесуваат своите забелешки  по Нацрт-ДУП   до крајниот рок (20. март), а анкетни листови подоцна ќе се разгледаат од страна на стручна комисија, информираше локалната самоуправа.

Ohridnews