Овој ден, во чест на првиот српски просветител и основоположник на српската просвета, Свети Сава, го одбележува српската заедница која живее во Македонија.
Одбележувањето на овој ден од страна на граѓаните од српско потекло минува во пригодни свечени средби, прослави и дружење. Во пресрет на денот, во некои семејства со српска етничка припадност, празникот Свети Сава се слави како куќна слава.