Во рамки на одбележувањето на Неделата на грижа за стари лица од 20-26 ноември, под мотото „Сите сме нивни деца“ Црвен крст Охрид организира промотивен настан-Отворен ден за грижа за стари лица.
На настанот од страна на волонтерите од Групата за грижа за стари лица на Црвен крст Охрид ќе бидат презентирани бројни креативни активности и чекори кои ги презема нашата организација за квалитетно и достоинствено стареење на старите лица во регионот во кој делуваме, информираат од Црвен крст Охрид.
Настанот ќе се одржи утре во просториите на Црвен крст Охрид во периодот од 11 – 14 часот.
OhridNews