Повторениот судски процес за убиството на охриѓанецот Димитар Матилоски, што се случи на дочекот на Новата 2016-та година во центарот на Охрид, треба да започне утре.
Првично требаше да започне на 5-ти мај, но беше одложено поради неможност на обвинителната клупа од затворот во Скопје да биде донесен осудениот Бојан Угреновиќ (30) од Р.Србија.
Тој беше осуден на казна затвор во траење од 16 години. Висината на казната беше причина Апелацискиот суд во Битола да го врати случајот на повторно судење.
OhridNews












