Согласно измените во Календарот за 2026 год. за подигнување отпад од пластика и хартија од кантите за селекција, ЈП „Охридски Kомуналец” ги потсетува своите корисници на услуги од улиците „Железничка”, „Прилепска”, „Винковачка”, „Будва“, „Крали Марко” и „8-ми Март” дека утре, 16 јули, ќе врши подигнување на отпад од пластика (жолти садови) и хартија и картон (сини садови) од кантите за селекција.
Се молат граѓаните од наведените улици да го почитуваат Календарот за подигнување селектиран отпад како и правилата за одлагање само пластика и картон/хартија во жолтата и сината канта. Нашата иднина зависи од секој еден од нас, велат од претпријатието.
Воедно, ги охрабруваат граѓаните да го користат зелениот телефон за пријавување на неправилности или доколку имаат прашања.
OhridNews














