Мај е месец посветен и на менталното здравје на човекот. По тој повод утре – четврток од 12.00 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи интерактивно предавање на тема: „Стресот и менталното здравје“.

Предавач ќе биде писхологот и гешталт терапевт Алберта Гулицоска.

Настанот е бесплатен и отворен за сите заинтересирани, а ќе се одржи во Прличевата одаја на Библиотеката.

OhridNews