Утре, четврток во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирана најновата книга на истакнатата македонска историчарка, проф. д-р Виолета Ачкоска „Македонија низ вековите“.

Книгата е во издание на клубот на писатели „Поетски ноти“ од Битола и претставува сеопфатна синтеза на македонското минато – од праисторијата, преку средновековието, па сѐ до крајот на Втората светска војна. Монографијата нуди синтеза на македонската историја поделена во неколку клучни поглавја.

Авторката проф. д-р Виолета Ачкоска вели дека книгата е создадена од две клучни причини: практична и патриотска.

Д-р Ачкоска упатува јавна благодарност до донаторот Вера М Самарјанин која го финансираше печатењето на првиот тираж од 100 примероци од оваа исклучително вредна книга.

Промотор ќе биде доцент, д-р Никола Митровиќ – Бабе а промоцијата ќе се одржи во Прличевата одаја на Библиотеката со почеток во 11 часот.

OhridNews