Времето утре ќе биде претежно сончево, по одделни котлини со појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -11 до -3, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени Целзиусови.

Утре сончево, но студено со минимални температури до -11 степени

Во Охрид ќе биде сончево, до умерено облачно.  Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 7 степени.

Од среда ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Ќе дува умерен ветер од југоисточен и јужен правец. Температурите на воздухот ќе бидат во пораст, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

OhridNews