Со настап на ансамблот за народни игри и песни „Танец“, утре, на сцената Долни Сарај во 20.30 часот свечено ќе биде отворен 56-от Балкански фестивал.

На првата вечер по отворањето, во петок, љубителите на фолклорот ќе можат да ги проследат настапите на ансамбл од Поградец, Албанија, КУД  „Разиграна Македонка” од Квинбијан-Австралија, Асоцијација на жени играорки „Орма Пелас” од Воден-Грција.

На 8 јули сабота, ќе настапат ансамблите „Традиција” од Трстеник-Србија и „Пирамида” од Охрид.

Во рамки на свеченото затворање, во недела 9 јули, ќе настапат ансамблите „Отекс” од Охрид и ансамбл од Бугарија.

Влезот е слободен.

OhridNews