Утре во манастирот „Св. Петка“ во Велгошти ќе биде одбележан јубилејот – 125 години од формирањето на Првата охридска востаничка чета во Велгошти, информираат од Секторот за култура при Општина Охрид.
Во духот на Илинден и во чест на охридските револуционери, ќе се потсетиме на нивниот патриотизам, непокор и саможртва, оставајќи ја нивната порака да живее и кај идните генерации. Нека споменот за хероите биде вечен, а нивниот идеал за слобода и правда наша трајна обврска. Чест и слава на охридските илинденци!, посочуваат.
Настанот започнува во 19 часот.
OhridNews










