Утре во Охрид средба помеѓу српски и македонски писатели и поети
07.10.25 13:50
Утре од 14 часот во просториите на Почесниот конзулат на Република Србија со седиште во Охрид ќе се одржи средба помеѓу српски и македонски писатели и поети.
Организаторот Здружението за српско – македонско пријателство „Коштана“ од Охрид најавува дека на настанот доаѓаат писателите Радомир Андриќ, поранешен претседател на Друштвото на писатели на Србија, Раденко Поповиќ и Радоња Дубљевиќ. Нивен домаќин на средбата ќе биде познатиот македонски поет Славе Ѓорѓо Димоски со уште неколку поети од Охрид.
Присутните на настанот ќе ги поздрави и Михајло Филев, почесен конзул на Република Србија во Охрид.
Писателите од Србија во наредните два дена ќе ги посетат и Св. Наум, Струга и Вевчани, а престојот во Охрид ќе го започнат со посетата на НУ Библиотека „Григор Прличев“.
На граничниот премин „Ќафасан“ претпладнево ќе биде промовиран интегрираниот граничен систем „One Stop Shop“ На промоцијата ќе присуствуваат премиерите на Македонија и Албанија, Христијан Мицкоски ...
Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди Во вечерните часови и во текот на ноќта претежно во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд Ќе дува умерен, а попладне наместа повреме...
На 19112026 во 20:25 часот во СВР Охрид е пријавено дека околу 20:20 часот на ул„15 Корпус“ во Охрид, по претходна расправија, 33-годишно лице од сВелестово, охридско и 32-годишно лице од сМешеишта...