Утре во Основното училиште „Христо Узунов“ во Охрид, ќе се реализира завршната симулациска показна вежба за заштита и спасување од елементарни непогоди со почеток во 10,45 часот.

Целта е подигнување на степенот на безбедносните мерки и подготвеноста кај учениците и наставниците, за поефикасна заштита при земјотреси, пожари и други елементарни непогоди. Вежбата значи и подобрување на готовноста на СВР Охрид, ТППЕ Охрид, Здравствен дом Охрид, Црвен Крст Охрид, ЦУК, ДЗС и другите служби, за унапредување на координацијата и меѓусебната соработка за поефикасносно делување при елементарни непогоди, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Вежбата која е во организација на СВР Охрид-отсек за превенција, Територијалната противпожарна единица и Црвен Крст Охрид, претходно беше спроведе во сите образовните институции во Охрид .

OhridNews

фото. Архива