Во албанскиот град Поградец на брегот на Охридското Езеро, утре, 15-ти декември, ќе се одржи заедничка седница на владите на Република Албанија и Република Македонија. Владините тимови ќе ги предводат премиерите Еди Рама и Зоран Заев.

Се очекува на седницата да бидат потпишани повеќе договори и меморандуми за соработка помеѓу владите на двете земји.

Неодамна ваква седница во Струмица одржаа владите на Македонија и Бугарија, а заедничка седница договорена е и со владата на Србија.

OhridNews