Во охридското село Велгошти утревечер во атарот на црквата „Св. Петка“, во организација на Општина Охрид, ќе се одржи традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“.

Чествувањето ќе започне со полагање цвеќе пред спомен-обележјето на Живко Чинго, по што ќе има обраќање на претставник на Општина Охрид и доделување на наградата за најдобар расказ.

Беседа за Живко Чинго ќе одржи Паско Кузман, по што следува Живко Чинго како инспирација во творечкиот опус на Гоце Џуклески, а манифестацијата ќе биде заокружена со културно – уметничка програма.

Манифестацијата почнува во 20.00 часот.

OhridNews