Фудбалерите на Барселона со тениски 6-1 го совладаа Гетафе продолжувајќи го победничкиот чекор кон титулата во Шпанија. Мечот кој се играше во неовобичаен претпладневен термин не им сметаше на “блауграната“ до врв да ја наполнат гостинската мреж. Шест различни фудбалери беа стрелци на головите, серијата ја отвори Санчес, а по него следуваа Меси, Виља, Тело, Иниеста и Пике. Почесниот погодок за гостите беше дело на Васкез.