Најниска температура во државата изутринава е измерена во Берово, -7 степени, -5 се регистрирани во Струмица, а -4 во Скопје-Петровец, Тетово, Битола, Демир Капија и Куманово. Три степени под нулата се измерени во Штип, -2 во Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, Прилеп, Гевгелија и Лазарополе, -1 во Маврово, 0 Виница и Крушево, а 2 во Охрид, Претор и во Дојран, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Утрово времето е сончево, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура во Охридскиот регион денеска ќе достигне 11 степени.

Во следните денови ќе се задржи стабилно време, сончево со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури, кои на повеќе места ќе се спуштаат под -5 степени. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла и таму температурата ќе остане пониска во текот на денот. Во вторник ќе дува умерен северен ветер.

OhridNews