Утрово најтопло било во Охрид и Претор каде се измерени 11 степени. Најстудено било во Лазарополе, каде е измерена температура од 0 целзиусови степени, и Скопје – Петровец, Маврови Анови, Попова Шапка, со температура од 1 степен.
Во текот на денот ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди. Попладне и кон крајот на денот ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура во Охрид ќе достигне 13 степени, информира УХМР.
Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Од утре температурите ќе бидат во постепен пораст и повторно над просекот за овој период од годината. Утринската ќе се движи во интервал од 5 до 12 степени, а дневната помеѓу 14 и 23 степени. Ќе дува умерен до засилен, а од среда повремено силен ветер од јужен правец (над 60 km/h), особено во западните делови.
Г.М.












