Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи, во седум часот изутринава во Охрид била измерена температура од -7 степени целзиусови.

Најниски температура во Македонија била измерена во Маврово, –15 степени целзиусови,  -14  во Лазарополе, -12 во Крушево и Берово. Минус девет степени се измерени во Крива Паланка и Претор, –8 во Битола, –7 во Штип и Виница, –6 Скопје-Петровец, Тетово, Куманово, Струмица, Прилеп и Демир Капија, –5 Скопје- Зајчев Рид и Кавадарци, –2 Дојран и -1 во Гевгелија.

На Маврови Анови висината на снежната покривка достигнала 64 сантиметри, 42 во Лазарополе, 36 во Крушево, а во Пожаране 7 сантиметри.

Метеролозите за денеска најавуваат претежно сончево време со слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од -1 до 8 степени. Во наредните денови следува период на стабилно и суво време. Утринските температури ќе бидат ниски и во следните два дена на повеќе места ќе се спуштат помеѓу -10 и -5 степени, а од утре температурите ќе бидат во постепен пораст.

За време на викендот, особено во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на магла.

OhridNews