62- годишен гостиварчанец утрово е застрелан во неговиот автомобил на кејот на реката Вардар.

Според првичните информации, во лицето било пукано од автоматско оружје околу 6 часот утрово, откако со голем контејнер му било попречено движењето. Откако застанал , непознато лице испукало повеќе куршуми низ стаклото на автомобилот. Истрелите ги вознемириле жителите во околните куќи кои настанот го пријавиле во полиција.

Полициски екипи вршат увид на местото на настанот .

OhridNews

извор МИА