Во Полициската станица Охрид, вчера, во 1.30 часот, охриѓанец пријавил кривично дело „уцена“. Според пријавата, околу полноќ телефонски му се јавило лице кое му побарало да 5.000 евра или во спротивно ќе објавело недолични работи за неговите ќерки, по што пријавителот му исклучил.
Според пријавата, по половина час, пријавителот добил неколку смс пораки со заканувачка содржина и фотографии, по што лицето повторно го контактирал пријавителот телефонски.
За настанот е известен Јавен Обвинител.
OhridNews












