По мерките што вчера беа преземени, СВР Охрид го утврди идентитетот на лицето што завчера околу 19 часот и 30 минути беше забележано паднато на тротоарот во близина на градскиот пазар во Охрид и кое подоцна починало.

-Се работи за 73 годишен жител на охридското село Куратица. Членови на неговото семејство, вчера-попладне во Општата болница во Охрид извршија негово препознавање. Врз неговото тело нема траги на насилство што е констатирано по извршен патолошки преглед, по наредба на дежурен Јавен обвинител, информираат од СВР Охрид.

Од таму објаснуваат дека починатиот завчера бил забележан паднат на тротоарот кај градскиот пазар, по што со возило на Брзата помош бил итно пренесен на интерното одделение во Општата болница каде што починал.

По наредба на Јавен обвинител, вчера телото на починатиот било предадено на членовите на неговото семејство.

OhridNews

X