Денешната ждрепка во ДИК го одреди редоследот на броевите на имињата на претседателските кандидати на гласачките ливчиња.

Блерим Река ќе биде под број „еден“, претставничката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска–Давкова под број „два“, а Стево Пендаровски од СДСМ под број три.

Како што информира ДИК, во понеделник преку жрепка ќе се утврди редоследот и на кандидатите за локалните избори што ќе се одржат во три општини, меѓу кои и Охрид. Во Охрид ќе се избира меѓу пет кандидати: д-р Константин Георгиески од СДСМ, д-р Митре Милошевски од ВМРО-ДПМНЕ, Михаил Трендафилов-Нанче од ГДУ, Стевче Стевоски од партијата Демократи, а кандидатура за градоначалник на Охрид поднесе и членот на Советот на општина Охрид Џемал Мена, како кандидат на Движењето БЕСА.

Кампањата ќе трае до 19 април по што следува изборниот молк. Првиот изборен круг за претседателските избори е закажан за 21 април, а вториот за 5 мај. На 21 април ќе се одржат и локални избори во општина Охрид.

OhridNews