На конец виси“ иднината на Паоло Добала во Јувентус, откако клубот се повлекол од преговорите за новиот договор. Дибала има договор со Јувентус до јуни 2022 година. Според овој договор тој годишно заработува 7,5 милиони евра.

Според овој извор, можно е продолжување на соработката, само доколку Дибала ги прифати условите што му ги поставил клубот. Дибала барал плата од 15 милиони евра.
Доколку ова не се случи, Јувентус ќе го продаде во летниот преоден рок, за да не дозволи во 2022 година фудбалерот да замине без обесштетување.
Дибала е играч на Јувентус од 2015 година, во овие седум години одиграл 243 натпревари, постигнал 98 голови.
OhridNews











