Како најава за акцијата „Ден на дрвото-засадија ја својата идина“, денеска на потегот кај „Холандскиот парк“ во Охрид дрва ќе засадат градоначалникот Никола Бакрачески, претставници на Универзитетот Св. Апостол Павле и претставници на Факултетот за туризам и угостителство.

Според најавите, 100 палми ќе го красат централното градско подрачје во Охрид, приодите кон и од градот.

Инаку, првите палми во рамки на есенската акција за пошумување што е дел од проектот „Ден на дрвото- засади ја својата иднина“, беа засадени на почетокот од овој месец крај градскиот кеј од страна на градоначалникот Никола Бакрачески и директорот на ЈП Македонски шуми, Жарко Караџоски.

OhridNews