Ужасно изгледаат хеликоптерот и местото на несреќата каде згасна животот на кошаркарската легенда Коби Брајант, неговата 13-годишна ќерка Џана и уште седум лица кои беа дел од кобниот лет. Хеликоптерот кој се изгубил во густата магла и се удрил во планина целосно е изгорен, додека на местото на несреќата може да се видат остатоци од воздухопловното летало. Американските власти кои први стигнале на лице место направиле видео снимка која ја објавија на својот канал.

Несреќата во која Коби Брајант, ќерката Џана и седумте лица трагично го загубија животот се случи во недалата и од тогаш владее мрачна атмосфера во САД. НБА лигата одлучи да го одложи градското дерби Лејкерс – Клиперс, а Коби Брајант постхумно ќе биде примен во куќата на славните.

Дополнителните истраги ќе треба да ја дадат точната причина за падот на хеликоптерот и целосно расветлување на случајот кој го зави во црно спортскиот свет.

OhridNews