Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“, полицијата ооднесе кривична пријава против 65-годишен жител на дебарското село Џепиште.

Пријавениот, извршил узурпација на две катарстарски парцели, првата во месноста „Манастирец“, покрај брегот на Дебарското езеро во сопственост на манастирот „Св Арахангел Гаврил“ а втората во сопственост на ЈП за стопанисување со патишта. На узурпираните, вкупно 608 метри квадратни, тој изградил викендица.

Со извршувањето на казнените дела, пријавениот се стекнал со противправна имотна имотна корист од 934,800 денари, МПЦ-ОА ја оштетил за 848.700 денари а Јавното претпријатие во износ од 86.100 денари, соопшти СВР Охрид.

OhridNews