Ден по зимското капење на рибарите, спортско риболовниот клуб Св.Апостол Петар и Рибарска Вистина симболично според името на проектот „ Денес за вчера “ поднесе барање до Министерството за транспорт и врски   и Министерството за култура за дозвола и одобрување на  локација од 100 метри квадратни во месноста Сараиште за реализација на својот проект.


Проектот ќе се спроведе на 20 јануари 2011 г. , втор ден Водици познат и како зимско капење на рибарите, на местото викано Сараиште. Целта на проектот освен понудата на вино , топла ракија , плашици  и капење до колена, да се дадат и нови содржини на манифестацијата.  На бараната локација од 100 метри квадратни ќе бидат изложени сите риболовни алати со кои се ловело од праисторија до денес, ќе бидат изложени стари слики од Охридските рибари и рибарски фамилии.


стар охридски рибар

На истата локација  ќе бидат преставени старите рибарски занаети како: плетење на мрежи , сачми, кепчиња , врши и други рибарски помагала. Ќе биде преставено изработка на Охридски чун , кајче и весла.  Ќе има мал  пазар за риби и други содржини кои ќе бидат изненадување за посетителите. Тој ден од Сараиште ќе наликува на старите добри рибарски времиња.

На посочената локација проектот ќе се спроведува на отворено и само еден ден, информираат спортските риболовци.

Ohridnews