Повремениот македонски репрезентативец Мирослав Вајс е позитивен на допинг тестот, кој му бил направен по мечот со Металург во препоследното коло од Првата лига.

Стоперот на Вардар имал поголемо присуство од дозволеното на забрената супстанца. На допинг тестот бил и Филип Петров, кој бил негативен по што клубот се ослободува од дополнителна постапка.

Вајс е суспендиран додека дисциплинската комисија на Фудбалската федерација не донесе конечна одлука.

Мх.П.