Американската администрацијата за воздушен сообраќај (ФАА) одобри пилотите и контролорите на летање да се вакцинираат со вакцината на „Џонсон и Џонсон“.
Оваа одлука беше донесена откако вакцината на компанијата беше одобрена за употреба кај населението на возраст од 18 години и повеќе од страна на Американската администрација за храна и лекови (ФДА) и со едногласна поддршка на Советот на независни експерти.

Оваа вакцина е трета одобрена во САД, по издадените лиценци на компаниите „Фајзер/БиоНТек“ и „Модерна“.
Анализите покажаа дека вакцината „Џонсон и Џонсон“ е 66 проценти ефикасна во спречување на средна до тешка форма на Ковид-19 и сто проценти ефикасна против најтешките форми на болеста за кои е потребна хоспитализација и може да доведе до смртен исход.
OhridNews











